ме (зам.) - варди (гл.)

- Огне - Огне ме крстиле, послежно, петто чедо на мајка и татка - Огне ме крстиле - името да ме варди од сè нешто лошо - ЛОШОТО ОГОН ДА ГО ИЗГОРИ!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сега сите жени од уметничката секција ме вардат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не сум клеко и не те пуштам. Или излези или ќе се спровнам низ прозорецов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
О г н е - огон да ме варди од сè нешто лошо.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
-со трепетни прсти си го фати крстето на гради виснато - Мајчице мила, на заминување ми го даде - да ме варди додека да се вратиш откај Беласица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Свекор ми ќе чуе, ќе се разбуди. Тој ме варди ноќе за својот син, не за тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одговорот го задржуваа пригушените солзи. И тивкиот повик до Бога да ме варди!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)