ме (зам.) - брани (гл.)

Брат ми влезе во својата соба и уште долго потоа гласно сам во себе си зборуваше, дека нема правда, дека него никој не го сфаќа, дека сè мене ме бранат и сè тој излегува виновен ... и такви некои нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— И ти еднаш ме бранеше, вели таа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Оти ме бранеше, ја прашувам Гертруда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имам и илјада други прашања, ама нешто постојано ме брани, не ме остава да преоѓам натаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видела што ми се готви и станала да ме брани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да ме брани, да не ме дава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Медот ми помага во сѐ, велеше учителот, ме трезни кога сум опијанет, ме лечи од несоница, ме брани од лоши соништа, од тешко главоболие, од лудило.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Мене има кој да ме брани. Го знаеш ли Ване Гавранот? Е, тој ти е нешто. Со една рака железо витка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но од болести и постели ме бранел господ; сето божје лето од пролет до зима здрав сум како дрен.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)