којзнае (зам.) - кај (прил.)

Пукам, којзнае кај пукам, а цевката се загрева, ме дожежува на прстите. Фала му на дождот што ја лади.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Којзнае кај се крие болеста, вели Уља, јатрва ми, којзнае кого го уми, сега, и кого го демне, сега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми идат неговите зборови: ,Којзнае кај ми скита сега чупето, кај му ѕемнат ножињата, прстињата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае кај ја гледаше и како ја гледаше Теменуга, ама ја моли, на клепки ѝ се обесува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- И многу народ, цели села бегаа, по други земји бегаа, којзнае кај бегаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае кај ни скита чупето, си велат сега дома, којзнае кај му ѕемнат ножињата, прстињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае кај сум гледал, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)