којзнае (зам.) - каков (зам.)

Ма, да не се лажеме, нека биде меѓу нас, ама Јадранка и не беше којзнае каков авантурист или екстремист, ниту пак беше компулсивно - анксиозна, ниту пак беше премногу амбициозна, ниту пак имаше преголемо IQ.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Некаде во тоа време, во тивките снежни зимски ноќи Рашела везеше сини шари на платната за својот мираз под будното око на мајка ми, која ја подучуваше девојката на нови, сложени везови, а самата го крпеше домашниот веш и нашите чорапи, непрекинато и со тивок спокоен глас кажувајќи ѝ којзнае какви сѐ не приказни за тајните на бракот и стапиците на животот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сепак, да не се разбере криво, личната гордост немаше во тоа којзнае каков удел, а прашање е дали и воопшто имаше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вокалите се обидуваат да воведат некаков (којзнае каков и кому ли потребен) ред во творечката анархија на една агонија во која времињата заемно се ништат да би да ослободат повеќе место за обичното, дребно постоење.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И да видите, луѓе, фатија место Толевите совети.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не само јадење и пиење, ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии; огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше цените како што сакаше и колку што сакаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе си одат Турците, море, за одење, токо којзнае какви ни се ружаат да не вјанат по ниј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Којзнае каква матежина ќе донесе тој!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но штом Васко ќе се заборави, пак ќе почне да додева: „Раскажи ми па раскажи ми“ - дедо Спасе се подзамислува малку како да смислува којзнае каква приказна и почнува: - Било едно дете, и се викало Васко...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Гледаш, батка, колку многу зборови, само за да го подисплашам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му раскажав за повеќе случувања во кои јас лично се обидував да изигрувам херој или трагач по вистини, и дека, за мое големо разочарување, животот ги користеше таквите мои недоволно обмислени потфати само за да ме исмее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во разговорот допуштив да продефилираат и случаите од моите црни искуства.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Којзнае какви сѐ изненади може да ти приреди!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мисли дека тоа не е којзнае каква сила, но не е потполно сигурен, а се додека не е потполно сигурен тогаш има шанси тоа да е некоја сила, и така се раѓа апетит во него. Ги јаде бананите на Фјодор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но доволно е јак да пронајде храна и да јаде.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не беше тоа којзнае какво јавно читање затоа што станува збор за читање на час по литература во прва година во гимназијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мојот братучед во квечерините ја симнуваше планината на своите плеќи и лежејќи на сламарникот со лицето нагоре врз кој само што не паднале налепените весници од таванот и оти во мислите бегаше до долното предградие каде што фодулка ја доеше малечката со козјо млеко и оти со очите сакаше да го продупчи таванот и бетонот и да стигне дури до лешочките шуми кај својата марија и оти и којзнае дали знаеше дека седам на штицата спроти него со нозе во меката коса што ја отсекле ножиците на нанчо од главите на бегалците тој напати мласнуваше скрцкуваше со забите како да дроби нешто и не слушајќи дека го прашувам дали нешто знае за оние од брегот на реката ама затоа пак ме слуша нанчо кој се врти околу една жолта тиква од која одлупува портокалови шлупки и вели ах оние мајмуни оној стар прч везден што молчи оној со долгиот врат кој како да му е врзан за половината и она детуле со 60 okno.mk бела коса што везден му седи на рамењата да вели нанчо ги знам како не ќе сум ги знаел сите ги знаат оти везден се прпелкаат во песокот и долу во косата паѓа уште една портокалова шлупка и продолжува нанчо живеат откаршија на она коматче бетонска плоча што стигнува до ќошот и се имаат заградено со црна книга скинати вреќи и ламарина и молкна а продолжи само неговото штрак штрак штрак и жолтата глава веќе не беше жолта туку којзнае каква со голем трап по средината на вратот и трапот се качуваше до врвот на главата и додека помислив дека таа глава ќе почне да вреска оти е така страшно нагрдена нанчо помина со малечка метла преку неа по вратот и рамењата и од столот стана една голема снага ги исклешти забите во мене и во братучедот кој веќе пушташе писки низ носот сполајти му рече на нанчо спуштајќи му книжна пара во раката па одвај успеа да се протурка низ малечката врата и додека вратата беше отворена во слабата светлина на денот што си заминуваше привидов нешто како голем сандак обесен под најгорната плоча и една дебела ортома што се спушташе дури до земја ете таму живеат вели нанчо и дебелана ортома што ја гледаш ама не дорече оти братучедот се беше степал со некого во сонот па мавтајќи со рацете скокна од сламарникот рече бре да така вие со мене и после не сакаше да каже кој му се пикнал во дремката истрча од одајчето на нанчо истрча во крајот на денот а по него и јас и се вративме зад насипот да ја преспиеме ноќта врз најгорната плоча под самиот опул на ѕвездите
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нивна преферирана технологија секогаш била видео телефонијата, технологија што никогаш не направи којзнае каков пробив на пазарот затоа што комуникациските канали со коишто се располага сè уште се со многу мал капацитет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Којзнае какви нечисти сили му влегле, ќе си речам, и ќе слезам да го молам да не се тепа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае каква сила ѝ стои во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Време опачно. А има секаков народ: и подобри и полоши и којзнае какви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Којзнае какви пилишта се овие, велам, лиоти, лилјаци ли се, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да не е ова бујцата, си велам, да не ни ја донесоа војниците, си велам, којзнае какви болесишта ни оставија војниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дека ќе ми нанесат којзнае какво зло.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе му се вовлече. Којзнае каква слободна девојка забрал.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Бино Антонов даскалот на Витолишча немаше којзнае каква педагошка подготовка и особена школа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами сте чуле ли, мори слепелници? — праша Димана Шојкарова, небарем којзнае каква новина открива.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Петра како да ја слуша Чана или како да ја слушала или како некој друг да ѝ качува нејзе за тоа колкумина наранила со петелот на Петра што се отепа таму горе на станицата удирајќи се во вагон што му го пресече патот кон неговата којзнае каква слобода.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Идат, синко, неизвесни времиња и којзнае какви сè војни ве чекаат, што ќе донесе иднината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Прашуваше, не за да знае туку по некоја друга којзнае каква причина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Порано Петко немаше којзнае каква печалба, но откога избувна Втората светска војна, работичката му тргна многу напред. Особено откога дојдоа Италијанците и Германците.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Всушност, неочекувано ми се јавува потребата на Вртанов сепак да му објаснам дека и не е којзнае каков пропуст или грев она негово интимно однесување со странката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Којзнае какви слики им се раѓале во осветлената вода, какви врати им се отворале, какви непознати премини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не го скрив од него ни она копање по ѕидовите на куќите во Еврејското маало.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Нашиот живот е во нашата душа“, вели надмоќно тој, како да допрел којзнае каква вистина, „а душата нѐ учи што треба да мразиме а што да сакаме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, којзнае какви сè размисли му шетале низ главата на дед Павел, какви сè сомненија го измачувале, што го плашело, но, кога почнав да му ја откривам вистината за вас, барем оној дел што го сметав достапен за мене, не забележав кај него некое големо изненадување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Којзнае какво лице направив од преголема болка!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ти ако си ваква осетлива сега којзнае каков живот ќе имаш, - рече свекрвата и стана од столот за да ја погали Маци, на која ѝ висеше парче кожа од мустаќот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не може да се споредите со мајка ми во никаков случај, - ѝ реков и се насмеав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Да ги дупнеш, којзнае какви ѓаволи ќе им излезат од сонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашите родители имаа други работи, по ниви, по ливади, па собирањето на сеното, што не е којзнае каква тешка и стручна работа, ни го оставија на брат ми и мене.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Јас си мислев којзнае какви сме Саше и јас кога Тета ќе нè прекори дека сме кич.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам како ќе ве пуштиме сами на летување штом сте такви. Којзнае каква беља може да направите. Довербата ја прокоцкавте – строго ни се обрати на двете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Батичко, да знаеш само колку те сакам – му реков.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние молчевме. Снеже под око ме погледнуваше одвреме-навреме и ми даваше скришни знаци да молчам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа да ти било нешто што немало уметнички вредности, туку само се преправало дека ги има и сакало да личи на уметност, ама не му успевало.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На брат ми обично не му раскажувам такви работи, а и тој не покажува којзнае каков интерес, но во тој момент ми се стори многу близок и многу драг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немаше, всушност, ништо страшно да се види, освен неговиот сомнеж дека сум направила којзнае каков грев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)