кој (зам.) - откако (сврз.)

Лазор кој ја има едната, десната рака ставено на чело, над очи, и гледа накај Коритница, и Јосиф за кого не се знае дали спие или одшто е капнат од умор ја има главата потпрено на ѕидот и замижан гледа некаде во далечината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На чардакот остануваат сами Максим, кој откако ги испрати тројцата до скалите се врати и седна на столот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Знаеше Тој дека има и птици - еретици, кои откако ќе долетаа во родниот крај слетуваа право во пазувите на девојките.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Интересантни се и оние астролози кои откако ќе им го кажете датумот на роџење за 2 секунди у лап топ ви кажуваат дали ќе имате 2 или 3 деца и на колку години ќе се ожените.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Провокативното претставување што го направил Деборд за сегашната состојба на работите се однесува на мафијата, која откако (или додека) се разгледува како антитеза на јавниот морал и социјалното добро, “сега стои како модел за сите напредни комерцијални претпријатија”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со Македонија и елинските градови-држави завладеал синот на Антипатар Касандар кој откако ја освоил престолнината Пела, се оженил со ќерката на Филип II односно сестрата на Александар III, Тесалоника.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Ги испратив децата први, - му рече дедо Димо на доктор Коста, кој откако замина џипот се појави некаде од длабочината на коријата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Долго време потоа денот беше одвоен од ноќта само со малиот нож на светлината, кој откако ќе се пробиеше низ тешката завеса на прозорецот, во неколку наврати ќе замавнеше низ густината на мракот, ќе направеше неколку колажи на ѕидот врз кои таа редовно ги додаваше своите воздишки, и тивко ќе се изгасеше, повлекувајќи се во денот од другата сграна, за да знаеме дека е ноќ.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Или најмногу ја посакува улогата на џелат, кој откако ќе ги потцени обвинетите се определува за лекоумни и случајни заклучоци и аргументи?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие зборови постоеја и пред да ме затворат, да, и пред тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира дека имам зборови, неброени зборови за се она што се случуваше овие денови во мене. Можам и да ги искажам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Првиот што ме напушти како што знаеш беше лично мојот Благоја, кој откако се прикажа мртов херој го избра заминувањето како единствено решение, а по него еден по еден му се придружуваа сите негови другари од борбата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми го беше привлекол вниманието облакот кој откако ги пречекори црвените покриви на куќите на Водно веќе наближуваше кон црниот гајтан што се размотуваше од високиот оџак на „Турист“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој гајтан од чад вистински личеше на појас од огромен џин и имав впечаток дека наближува моментот кога ќе се завитка околу вратот на забрзаниот облак.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден по еден ме напуштаа. Тетка Боса во минатата година побарала да ѝ издадат виза за да замине за Виена. Но ја одбиле.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Има еден пример (изнесен во книгата на Роже Перфит, Амбасадори), за еден стар дипломат, кој откако служел успешно во десетина значајни земји во светот и му минал нормираниот век на служење, не можејќи да се помири, без да служи и натаму на дипломатијата на својата земја, не престанувал да го опсипува министерот, министерството за надворешни работи, со своите анализи, предлози, стратегиски визии и што не, како да бил и натаму на својот редовен пост!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Убави обичаи, убави времиња за старите ветерани...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)