кој (зам.) - цврсто (прил.)

Уште еднаш бараше сила да гледа директно во лицето на човекот што страдаше, кој беше причина за неговото измачување, и повторно ја најде потребната сила во лицето што личеше на маска, кое на некој необјаснив начин го потсетуваше на челичен катинар, кој цврсто држеше некоја недостижна тајна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Видел-невидел, газда Трајко попуштил пред непоколебливиот Прокопија, кој цврсто решил да стане свој човек.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Полека влезе во плевната и легна крај Денко, кој цврсто спиеше. ***
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Да, така некако – ѝ одговорив и се почувствував чудно задоволна и горда што имам родители со кои цврсто ги имаме поставено правилата на однесувањето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така ми беше полесно и посигурно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Голема карпа извишена крај езерото: одблизу: бигорлива, издупчена, шуплива; обрастена со ползавци, повит бршлен, драчки и со разни корења испреплетени меѓу себе како човечки жили, кои цврсто се стегаат, се чипчат за каменот ширејќи се и освојувајќи го просторот толку колку што главниот корен успева да се пробие надолу низ тесните пукнатини на карпата, запирајќи го често своето растење и напредување како човек вклештен од неволи и болест; остри тревки како влакна од коњски опашки, се нишаат на ветерот и се стегаат за каменот да не се откинат; а долу во подножјето, каде што езерото плиска и се пика во карпата како јазик во шуплив заб, се нафатиле лишаи, мов, граорчиња, диви лозинки, пршличиња, змиско грозје, василичарки и разни кусовечни тревки и билки што живеат од денес до утре шетајќи со корењата по влажниот камен и цицајќи ја водата што ја стрка езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од друга страна Апфелблум го паметеше напредокот на својот талентиран ученик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Жешов не беше мало место и во него се одвиваше жива активност, па сепак, брзината со којашто напредуваше, му го направи тесно ова место со над стотина илјади жители во кое се одржуваше интензивен трговски, но и духовен живот, каде се појавуваа весници на јидиш, беше формиран ционистички центар во кој Корец, сега со згаснати очи, тонејќи во сеќавањата и така излегувајќи од затворските ѕидови, се гледаше себе си, онака млад и запален активист под влијание на енергичниот рабин Апфелблум чии текстови во кои цврсто се заговараше ционистичката идеја, заедно со неговото име, многу познати меѓу ашкенаското еврејство, беа врежани и во неговата свест.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За да се спаси од сето насобрано зло, реши да скокне во длабоката јама, притоа заборавајќи на пријателот, огромниот јастреб, кој цврсто му стоеше на рамото, и на Чако кој без прекин рикаше.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека на раце го носеше слабиот старец, на искинатата долана здогледа џеп, врз кој цврсто беше потпрена збрчканата вкочанета стара рака, притискајќи го џебот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)