кој (зам.) - свесно (прил.)

Ваквите тенденциозни и штетни измени наместо да ја потврдат целта на казнувањето како генерална и специјална превенција, тие напротив делуваат стимулирачки за одредени работодавачи, кои свесно и со пресметан ризик, ќе продолжат да ги кршат работничките права; б) исто така, до драстични и суштински промени кај висината на глобите и прекршочните поведенија за кои се пропишуваат дојде и кај чл. 265, кој ги регулира т.н. „полесни“ прекршоци за работодавачот: ● со измените од септември 2010 година дојде до зголемување на висината на дотогаш пропишаните глоби од 1.000 на 3.000 ЕУР за работодавачот – правно лице, казната за директорот, односно друго одговорно лице порасна од 600 на 1.000 ЕУР, додека пак работодавачот – физичко лице ќе биде казнет со глоба во висина од 2.000 ЕУР, која е за 1.200 ЕУР повисока од претходно пропишаниот износ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Најризична за театарот е групата во која спаѓаат актери кои свесно го избегнуваат својот удел во актерската игра.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Спонзорушата не поседува мозок и до некаде е оправдано, за разлика од интелектот, кој свесно се проституира за пари.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Оној кој еднаш стоел во потсдамската Гарнизонска црква крај гробот на Фридрих Велики и Фридрих Вилхелм I, оној кој свесно ги набљудувал старите скинати пруски знамиња по ѕидовите, нему од тие симболични ткаенини на знамињата ќе му се создаде целиот свет...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)