кој (зам.) - притоа (прил.)

Иако, во фирмата немаше средства и претпоставените притискаа да не се бараат пари – сепак тој успешно ја менаџираше таа состојба и, во летото 2001, успеа од директорите да „извлече“ средства за да се исплатат патарината и хранарината на вработените за тие неколку месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како кога во игротеката ќе застанеше крај импровизираната кујна: таман ќе почнеше божемски да ги мие садовите, девојчињата кои притоа мораше да ги избутка за да дојде до лавабото застануваа до него наредени како пивски шишиња и со чудење го гледаа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но, ова добро дело на Марковски – кој притоа дојде во отворен судир со финансиската директорка на друштвото (В. Боцевска) – веднаш беше „наградено“: тој следниот ден, од страна на генералниот директор (Љ. Митрески), доби отказно решение бр. 01-13/7 за престанок на работниот однос без отказен рок, по- ради поднесена Пријава од истата директорка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бавно се подигаат градите, се слуша тешка воздишка, а потоа со јазичето си ги навлажнува испуканите усни кои притоа се собираат во болен грч.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)