кој (зам.) - почесто (прил.)

Има многу малку од нашата раса кои почесто ја зборуваат вистината.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А “разградбите”, за кои почесто зборувам во множина, сигурно никогаш не означувале некој проект, метода или систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Играа по тактот на мелодиите што ги слушаа иако не ги знаеја игрите: танго, валцер, фокстрот, чарлстон, самба, румба, рокенрол, ча-ча-ча, боса нова, полка, а најмногу ламбада која беше хит и која почесто ја повторуваа и чиишто ритам најмногу им се допаѓаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Во истиот пожар, во истиот потрес трепери генеалогијата растурена низ сите структури и сите подлоги за коишто зборував: Западот и историјата на филозофијата, она што ја врзува со неколку непомирливи (што и да речете) монотеистички струи, од една страна, со природните јазици и националните чувства, со идејата за демократија и со онаа технолошко-политичката, од друга страна, со бескрајното напредување на идеите на меѓународното право, најпосле, чиишто граници се укажуваат појасно од било кога - и тоа не само поради тоа што оние кои го претставуваат и го подржуваат тоа напредување секогаш ги застапуваат интересите на одредени хегемонии и затоа единствено можат непримерено во бескрај да му се доближуваат, туку и затоа што тоа се темели (а тоа и го ограничува) врз сознанијата на европскиот филозофски модернитет (нација, држава, демократија, односи меѓу парламентарните демократии на разни држави итн.) - да не го споменувам она што одвнатре ги поврзува науката, технологијата и војската со тие сомнителни содржини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)