кој (зам.) - патем (прил.)

Проектот на кој Константин З. се ангажира, сега личи на локомотива во полно движење којашто и тој ја ложи, и кое движење, како впрочем кога е човек на какво било авантуристичко патување, му го одржува психолошкиот тонус цврст, а возбудите на кои патем наидува, воедначениот, монотон живот му го прават значително повозбудлив. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не возбудуваа многу и не му служеа на чест неговите чести наоѓања на мали волчиња за кои патем земал награди, не беа многу возбудливи ни приказните во кои тој ги труел волците, а потоа со нивната кожа, исполнета со слама одел по селата, собирајќи дарови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ја ги разработуем - се изнафали шминкерот кој патем имаше 40 и кусур години, а изгледаше ко румунска скупштина.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И зарем би можеле да се лутиме на овие сироти забревтани гудиња кои патем и ги јадеме.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како трн во око во тој момент ми падна државниот грб со првокласен афион кој патем беше комунистички рецидив.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)