кој (зам.) - онака (прил.)

Му остана желбата да одлучува, притисната некаде во темните места на душата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сега, неговите кревки стрелки стигнаа до левиот прав агол, а проѕирниот секундарник се наближи до третата златна цртичка – 18:46:55.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа депресивна атмосфера во која го најде потонат градот кој онака жив и разгргорен, ориентално темпераментен каков што го пречека кога за првпат дојде во него и кого и рабинот го поимаше како капија на Истокот, како европско предворие на Леванот и Бисер на Ориентот, свесен зошто го нарекуваа и Мајка на Израелот и Втор Ерусалим, сега при второто враќање во Солун го доживува како старо, разурнато гробје.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Подарок од сестра ми, по повод Олимписките игри во Барселона 1992, кои онака незаборавно ги одбележаа Фреди и Монсерат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)