кој (зам.) - однадвор (прил.)

Кабината беше направена од полирани табли од трите страни монтирани на железна конструкција со отвор за влез од предната страна низ кој однадвор се провлекуваше мирис карактеристичен за последните денови на мај, блунтав, со вкус на гнили црешни и влажна трева.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Расфрланиот песок, мешалката за бетон и друг градежен материјал, сведочеа за градбата на куќата која однадвор сѐ уште не беше завршена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Луѓето, како силуети, се вовираат по тесните и кривулести улички, влегуваат во бистроата и кафеанчињата, во баровите, кои однадвор се обоени со интимна црвена светлина и внатре, под звуците на некакава музика, редовно од плочи, се впуштаат во лесен живот, за една ноќ, а можеби само за миг, со некоја убава блондинка, додека се има пари таа да се почести со чаша пиво или со жесток пијалок.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со месо или без, небитно е, додека некој вас не ви го „свари“ оној шарениот, што и во „Веро“ можеш да го купиш, а кој однадвор баш изгледа поинаку, допадлив е, привлечен за око.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)