кој (зам.) - непрестаен (прил.)

Чичко ми ми кажа дека ги убиле Никола и Трајче, во окопот останал само уште Мишо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тогаш Мајка, чекајќи го Татко, уште еднаш се најде со своите чеда пред затворената врата на судбината, откако ја минавме среќно границата испишана под водата на езерото и според сказните во кои ние децата верувавме дека била чувана од триглав змеј, кој се будел на секое минување на границата и ги повлекувал барките на дното, веруваше и сега, како и тогаш, кога ги искажа сите молитви од дното на душата, дека Бог и овој пат е на страна на мајките кои тој ги испратил за да си ги спасуваат своите чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше тоа небично договарање, меѓу мајка и син, во снегот кој непрестајно паѓаше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најпрвин во првиот окоп бил Киро со својата кртешница, која непрестајно беше вклучена, а тој сè помалку имал муниција.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко кој владееше со тимонот и го имаше небаре вградениот компас на преселбите кој непрестајно осцилираше помеѓу Запад и Исток, кога пристигнавме крај реката и кога запревме крај нашата нова куќа со добро заклучена брава замина загрижен кон емигрантскиот центар во градот по клучот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)