кој (зам.) - најнапред (прил.)

Питер Гринавеј НОВИ 1001 ПРИКАЗНИ Џеб Еден зоолог се жени со госпоѓицата Кенгур на која најнапред ѝ одредува да живее во стајата зад куќата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Зошто е потребно изживување, толку бесполезно трошење достоинство и енергија?“ - му поминува низ главата на Максимилијан Мертен, кој размислува правнички ефикасно, практично, онака како што е формиран во неговата нагорна кариера, која најнапред поради личното пријателство со Фирерот, го донесе од местото јавен обвинител на Берлин, по почетокот на војната, на позицијата на началник на одделот за економски прашања на војската, управник на окупираната зона на Солун и Егејот и така натаму, и така натаму, како што самозадоволно констатира секој ден погледнувајќи се во огледалото на излезот од својот луксузен стан. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неусогласеноста меѓу изгледот и облеката се очитува и во нејзиниот сон во подземните одаи на пирамидата, во кои најнапред е запленета како наивен, изгубен турист, каде останува како доброволна љубовничка на фараонот - Сонце, синот на порозната сфинга.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мириса морето и Солун за првпат му се чини дека има пријатна арома, не онаа мешаница од мириси од чаршијата и пристанишна смрдеа што постојано му ги дразнеше нежните ноздри.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)