кој (зам.) - најдобар (прил.)

Кога внимателно ќе се погледне Хичкоковата кариера, од неговите неми англиски филмови до холивудските филмови во боја, во неа ќе најдеме одговор на неколку прашања кои секој синеаст треба себеси да си ги постави, а од кои следново не е баш безначајно: како да се изразиш на чисто визуелен начин? Margina #21 [1995] | okno.mk 13 Овој човек кој најдобро од сите го пренесе стравот во филмот, и самиот е плашлив и претпоставувам дека неговиот успех е врзан за оваа одлика од неговиот карактер.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Германците со помали окупациони сили ги држеле стратегиски најзначајните региони со кој најдобро можеле да ги штитат освоените позиции на Балканот и во случај на Британците и колебливото движење на Италијанците да ги заштитат најважните подрачја во Грција: дел од островот Крит, неколку истурени острови спрема исток, меѓу кои: Милос, Скирос, Лезбос и Лемнос, потоа краткиот појас во Тракија спрема турската граница кој служел како тампон зона меѓу делот на западна Тракија под бугарска окупација и Турција, Солун со Егејското Море од каде најлесно можела да се чува важната стратегиска железничка пруга по долините на реките Морава и Вардар како и некои бази на Атика и Средоземното Море.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кирков, кои најдобро го познавале градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Киоскот кој им овозможуваше да преживуваат, а на Хана, постарата сестра и помладиот брат, и да сонуваат, продаваше избор од весници и колорирани списанија, тутун од кој најдобро се печалеше и карт-постали со бледо виражирани згради, градски покриви, пристанишни објекти и крајбрежни морски мотиви од околината, на чии горни или долни рабови на полски и на германски пишуваше: „Спомен од Гдањск/Сувенир од Данциг”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)