кој (зам.) - натаму (прил.)

Женскиот оддел на Прифатниот центар за странци беше организиран во реновираниот Поштенски дом на три километри југоисточно од Метрополата, изделен од населените места распослани на периферијата, во густа борова шума, на висорамнина од која натаму се простираа пределите на ловиштето „Рис“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Светот на првиот допир е свет на психолошки шок со кој натаму ќе раководат потсвеста и времето, времето во неговата физичка, но и филозофска категорија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сестрите се разотидоа која наваму, која натаму.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)