кој (зам.) - лево (прил.)

— Теслим бре, ќерата, оти сите ќе изгинете, — викаше секој Турчин и пукаше во чуката зад која се криеја четниците со Ѓорчета, Перета и Митре Влавот на чело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се заврза борба прво тука; аскерот се стаписа — кој лево, кој десно, без да успее да го врзе обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На големиот свиок голема сина табла и натписи кои лево го покажуваат патот за Поградец и Корча, а десно за Елбасан и Тирана и понатака, пред свиокот, на патот кон граничниот премин – Ќафасан - голема сина табла со големи латински букви е напишано: “MACEDONIA”.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)