кој (зам.) - истовремен (прил.)

Или, пак, „ Тајмс“ од деветнаесетти декември ги објави официјалните предвидувања за производството на различни видови стока за широка потрошувачка во четвртиот квартал од 1983 година, кој истовремено беше и шести квартал од Деветтиот тригодишен план.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постојано имаше по пет до шест луѓе во црни униформи, кои истовремено се нафрлаа на него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Другата наративна линија му припаѓа на гласот на Симоновата жена Агна, чии размислувања/белешки стануваат своевидни одговори на неговите писма/извештаи кои истовремено можат да бидат и исповед и приповед, и дневнички белешки, и самиот ракопис на делото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Му читаш во растреперените раце дека не е подготвен да си го покаже навежбаниот задник, на кој е посебно горд, но само во панталони затегнати со дупла игла на ременот и, како син на мама, која исто ги воспитувала и него и дада му, демек „прво само до пола“, строго се држи до лекцијата, а мота низ главата зборови со кои истовремено ќе остане „мачо мен“ (а ќе одигра како путе на пубертетлика, која час не сака, час умира од желба да направи нешто недозволено), за да има што да раскаже по пет испиени пива, и тоа фури по петтото, како неверојатно си прошол и како усреќил некоја, која, секако, во приказната ќе биде барем десет години помлада и барем десет сантиметри повисока и десет килограми полесна, со „страва“ тело и гради и, што им е исто така важно, „многу паметна девојка" и, во приказната за безобразно добриот секс ќе изостави дека таа, всушност, си заминала!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Спротивно на ваквата јуриспруденцијална традиција, денеш- ните буквалистички правни позитивисти, од кои за жал голем дел постојат и во нашата академска средина, како и во судско-адвокат- ска фела, а кои истовремено се удираат в гради дека нашето право е изградено на „славните римски правни темели“ – оваа ситуација ја имаат превртено наопаку и велат: Ubi ius, ibi remedium – Каде има право, таму [треба да] има и тужба!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Отпорот кон него ни налага да се зафатиме со него, да најдеме во него вредност и да измислиме можности за самоафирмација во ограничените, но многу стварни можности што ни ги става на располагање, во кои спаѓаат можностите за манипулирање со него, за негова пренамена, негово предоговарање, преозначување и изопачување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оттаму е и склоноста на машката геј-култура да им исклеса на своите учесници апсурдно преувеличен, претеран, деградиран женствен идентитет, кој истовремено е и ироничен, јасно наменет да поткрепува една поширока стратегија на политички пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, тука е неговото речовито користење на зборот „поттрчнував“, со кој го опишува сопственото движење по улиците на Њујорк, а кој го довршува автопортретот на мажествена родова дисонантност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машката геј-култура по правило зазема некоја абјектна положба само за да ја редефинира, да ги обрати вредностите што се поврзуваат со неа, да заземе иронично растојание од нив, да ги оспори, да ги сврти против нив самите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистинските мажи не поттрчнуваат. ‌Ироничната преупотреба на мелодрамата кај О’Хара не ги оспорува казнените судови на елитното општество против неугледниот поджанр, туку свесно ги усвојува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата и општествените вредности поврзани со неа ги користи за да си обележи посебна положба на субјект која е јасно неусогласена со хетеросексуалната мажественост, која имплицира нестандардно обликување на родот и на сексуалноста – а која во тие погледи може да се идентификува како женствена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неговата нервоза, хистерија, импулсивност, неговата љубов кон гламурот и „морбидната љубов кон згодни работи, кон придушена светлина и кон свежо цвеќе“ (122) се сѐ особини што се општествено кодирани како немашки и што му го заведуваат геј-сензибилитетот под знаците за невротичност и, особено, за женственост. ‌Херман Мелвил, пак, ги протерува сите траги на женственоста од човечкиот крајолик во „Били Бад“ (1891).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понешто од „женственото во мажот“, сигурно, можеби опасно тлее во машкото срце, но барем нема свежо цвеќе во Мелвиловиот приказ на британската морнарица.249 Мелвил прикажува жесток семашки свет, во кој нема ни најбледичок знак на настран сензибилитет, но кој истовремено е крајно опиен од машка убавина – со таа негова „красота и моќ, секогаш привлечни во мажествениот спој“ (292) – и е сеприсутно проткајан со истополова желба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој идентитет, на крајот на краиштата, е единствениот идентитет што го имаме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој ведро прикажува низа афекти што се сфаќаат како будалести и патетични, кои истовремено го повикуваат општествениот презир и му пркосат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Естер Њутон тоа го кажува кратко и јасно: „Хуморот не прикрива; тој преобразува“.196 Оттаму и оваа општа вистина: кампот дејствува да го извади страдањето од болката која истовремено не ја одрекува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)