кој (зам.) - докрај (прил.)

Мојата Мајка, тихиот градинар на моите последни соништа, на нашата заедничка градина на тишината, идеше често и милозвучно ми зборуваше со зборови кои не постоеја во ниеден друг јазик, зборови на јазик на само нас двајцата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но добро знам дека пред ,небескиот трибунал ќе нема доволно храбри адвокати кои докрај останале независни, поради големи гревови на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таквите размислувања на британските политичари и дипломати се должеле главно на тоа што на настаните на Балканот тие им приоѓале од догматско становиште, а притоа биле полни со предрасуди кои докрај им го замаглувале објективниот увид во тој многу сложен проблем.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Непосреден придонес во тоа секако имал недостигот од директен увид во она што се случувало на балканските простори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)