кој (зам.) - директно (прил.)

Нашата реформаторска актива да ја насочиме кон промената на директори, а репертоарот на театрите да го градиме од претстави кои директно работат за афирмацијата на партиските бои и симболи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Поедноставно кажано, излегува дека зборовите употребени да го опишат “проблемот” автоматски имплицираат други зборови кои директно посочуваат на тоа како да се започне со конструирање на решението.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И, се разбира надминувањето на поривот е исто така волно бидејќи се покажа дека е можно да му се одолее.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кид и Св.Витус можат да бидат симпатични мајтапчии, но и зли техно-силеџии. На една од нашите средби неколкупати го спомнуваа бројот на мојата кредитна карта и дофрлаа некои податоци во врска со моите родители. Ми нудат „целонеделен тест“ со кој директно ќе искусам како можат некому животот да му го претворат во пекол. Велам дека и без тоа им верувам.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ниту другите земји ќе се ослободат од насилство и терор сè додека кокаинот и хероинот таму се произведуваат од страна на картелот криминалци. Политиката на делумна забрана би ја задржала и од морална гледна точка сомнителна пракса на затворање луѓе кои директно не ја загрозуваат околината. Таа и понатаму би сместувала во подземје еден првенствено здравствен и општествен проблем и би жигосувала поединци кои поради тоа не би можеле да дојдат до потребната помош. Истата таа политика би ги обесхрабрувала медицинските истражувања и ширењето на информации во врска со опасностите од уживање на дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На пример, една актн-чанта полна со синтетички хероин би можела да ги задоволи годишните потреби сите њујоршки зависници. Америка никогаш нема да биде во состојба да го запре прометот на толку мал производ меѓу купувачот и продавачот, а да остане слободно општество.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Права и обврски на работникот и работодавачот За петгодишниот период кој е предмет на нашето истражување и анализа од вкупно единаесет рогации на ЗРО, шест од нив содржеа измени кои директно ги засегаа правата и обврските на работниците и работодавачите околу оваа тематика, кои подолу во оваа глава соодветно ќе бидат разработени. 1.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
На ова го додаваме и правото на работодавачот од „објективни причини“ да не ги информира или консултира работниците за прашања околу неговото функционирање со кое се воведува уште една можност „помоќниот“ работодавач, дискреционо и еднострано, согласно своите субјективни преференци, да ги лиши работниците од тоа тие да бидат информирани за важните информации кои директно ги засегаат и нив како вработени кај конкретниот работодавач; д) кај вршењето на работи во странство најпрво дојде до замена на терминот странски работодавач со „работодавач и од територијата на земја членка на Европската унија и работодавач од територијата на земја која не е членка на Европската унија“, а потоа и до проширување на примената на ЗРО и на работните односи на работниците кои се испратени од нивниот работодавач за давање на услуги на друг работодавач од територијата на земја членка на Европската Унија во територијата на Република Македонија и работодавач од територијата на земја која не е членка на Европската Унија (чл. 1 од ЗИДЗРО/септ.10), а дефиниран беше и новововедениот термин „испратен работник“ - е работник кој на ограничено време, работи на територијата на земја членка што не е државата во која има редовно вработување (чл. 2 од ЗИДЗРО/септ.10).23 23 Употребата на термините „територијата на земја - членка на Европската унија“ и „територијата на земја која не е членка на Европската Унија“ непотребно го обременуваат законскиот текст, посебно ако се знае дека согласно меѓународното јавно право, територијата е еден од трите конститутивни елементи на државата, чија сувереност и јурисдикција, единствено, може да бидат сфатени во однос на територија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Освен оние закони кои директно ги тангираат работничките права, ќе бидат обработени и останатите закони кои во себе влучуваат одредби значајни за остварувањето на правата од работен однос.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Работни дозволи За петгодишниот период кој е предмет на нашето истражување и анализа од вкупно пет рогации на ЗВРС, во четири од нив се содржеа измени кои директно ги засегаа работните дозволи на странските работници,63 со што слободно може да се констатира дека оваа област претрпе најмногу измени кои подолу соодветно ќе ги разработиме.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)