кој (зам.) - денеска (прил.)

Кога ја помина портата на која денеска резето беше ставено, подолу на попречната улица, над нагорнината не виде никого, но чу разговор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да, навистина, ако не личи на некоја од мајките кои денеска беа во дворот на училиштето, тогаш сигурно има еден добар дел од душевноста на учителката од Долнени, си помислува Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И така, секој дуќан во кој денеска ќе влезат свадбарите, ќе има понекој петак аир, та дури и Мамуд ковачот ќе се овајди, оти ќе се требни клинци и плочи да се коват коњите на свадбарите што ќе бодињаат по невестата цел ден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако го направев тоа, сигурна сум дека вистината во која денеска двајцата се давиме ќе беше поинаква.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)