кој (зам.) - внимателно (прил.)

“ За да бидеме еднакви, се пожалив на очите и му се поплакав дека мора да ги носам очилата, под кои внимателно и темелно ја разгледав собата, привидно изгледајќи занесен единствено во разговорот со домаќинот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што можеш да сториш ти, мислеше Винстон, против лудак кој е поинтелигентен од тебе, кој внимателно ги сослушува твоите аргументи, а потоа инсистира на својата лудост ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но се премисли откако го погледна другарот Чапаев кој внимателно слушаше: - Мене животот ми минуваше во одбрана и во смирување на сите можни разлики, и семејни, и етнички, и верски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тупотат со копитата Удираат во земјата, во каменот Ја враќаат довербата во пламенот Со кој внимателно треба да се ракува Пред да се потпали летото Пред да легнеме на ледина Да се одмориме.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Ноќи кои внимателно си ги отстранила од расфрланиот шпил на своето минато.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во истиот момент, сосем случајно Торнхил му се обраќа на истиот службеник, за да ѝ прати телеграма на својата мајка; руските шпиони кои внимателно ја следат целата ситуација заклучуваат дека Торнхил е прикриениот Каплан.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ема доби задача да биде врска со женскиот оддел во Прифатниот центар за странци и тоа ни ја олесни нашата работа бидејќи таа покажа завидно искуство во класифицирањето и анализата на предметите кои внимателно ги селектираше и ги процесуираше низ филтрите на Центарот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)