кој (зам.) - извесен (прид.)

Во 1897 година во Солун дошол велешанецот Јордан Шурков, кој извесно време живеел во Пловдив, каде што се запознал и ги прифатил социјалистичките погледи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа се случи додека Азра, држејќи се да не падне, ѝ ја тегнеше косата, или можеби се случи неколку мига потоа, кога таа со пијани чекори отиде во кујната, го зеде ножот што беше обесен над шпоретот и, кога се врати, кога дојде над неа, лесно и го лизна во мекото, над градната коска на Ханка и потоа заврте на лево и на десно, кон жилите на вратот кои извесно време даваа тегав отпор, но само малку подоцна лесно се отворија и од нив изненадувачки силно прсна крв по рацете на Азра, по креветот и долу, на подот, обливајќи ги ситните парчиња хартија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но што ако светот е зол, веќе извалкан и расипан, а дрогата е еден вид пасивен ескапизам - вентил со кој извесна група невротици се обидува да се промовира во хедонисти, како тип на избор со помала тежина?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)