кој (зам.) - долг (прид.)

Најновите истражувања кои се правени неодамна покажуваат дека корисниците на марихуана кои долги години дувале трава имаат огромни шанси да закачат рак на мадињата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Климент Камилски никогаш не го прашуваше Татко кој е на сликата, но сега помисли дека тоа може да биде само Али Фети Окјар и никој друг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со време Татко и неа ја премести, а на неговото место ја постави сликата на својот вујко која долго време успешно ја криеше во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, според своето верување, најден на крајниот хоризонт од својата библиотека, ја напушташе идејата која долго време го обземаше за да се препушти на нова потрага.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неодамна весниците пишуваа за некој скулптор кој долги години работел во својата вила, во близината на Кичево, кај кој ноќе, наводно, доаѓала монахиња, исто така со џип, но подоцна се утврдило дека под дулбенот со ширитче по рабовите и долгата црна носија на божемната искушеничка се криел поп, хомосексуалец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Кочовите се покажале поголеми крвници од родот Поцо, веројатно охрабрени и од ова за што зборуваш ти, од тоа што го придобиле на своја страна Абди-паша, кој долги години бил пријател на Никола.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чудно е што во моментот на комплетирање на оваа теорија ја дофатив токму оваа негова книга која долги години само фаќаше прашина на еден од рафтовите во мојот дом.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не беше рамнодушен ни кон сведоштвата од татковите книги на Марцелинус и Прокопиј, според кои долгиот бедем на Калето, сличен на античките киклопски ѕидишта, допира уште од времето на византискиот император Јустинијан I.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дури и дедо му, кој долги години не излегуваше од дома, заради реумата во нозете.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во колата седеше и Илко, татко му на Мил, кој се враќаше од свет во кој долги години беше заскитан.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)