кој (зам.) - под (предл.)

Во старо време, на девојката која под носот ќе забележи книжен фишек зграпчан од влажна машка рака, веднаш и станувало јасно оти момчето гори од љубов по неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Националниот сепаратизам ќе се зголеми исто така и од лицата што ја осознаваат сета штета од националните и верските пропаганди, кои под вид дека ги бранат нашите интереси, безбожно ги експлоатираат нив, и коишто ќе се решат на борба за националното обединување на Македонците против сите тие пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, штом таксистот или портирот во хотелот, или оној продавач на улица, ќе забележат дека сте странец, веднаш бараат валута, за која под рака даваат многу повеќе злоти, отколку што е официјалниот курс.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Или, како што нараторот вели, парафразирајќи ги тие ставови: Идејата сите народи да зборуваат само еден јазик е исто како да собереш коњи, магариња, кучиња и камили и да ги натераш со силата на стапот сите заедно да рикаат, без оглед на нивниот вид.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тука не се пропушта, се разбира, да се спомене и балканската гордост, Фаик Коница, кој под псевдонимот Транк Спироберг, се вклучува во европската полемика со тезата дека секој природен јазик со непречена милениумска еволуција, има поголемо право да биде избран за универзален јазик отколку сите вештачки јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа, сопственикот како тужена странка, пред судот повика и двајца сведоци кои во тој момент беа вработени во неговата компанија, но овој пат тоа беа постари работници кои беа пријавени во АВРМ и беа на повисоки надзорни позиции – кои под притисок или можеби и со согласност, бидејќи се директно зависни од сопственикот за својата материјална состојба, сведочат против младиот Јакшиќ кој критичниот и кобен ден кога се случи несреќата, во име на пожртвуваноста за доброто на фирмата, а со цел „работата да не трпи“, изгуби најмногу од сите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во собата за приеми која под прав агол преоѓаше во тарпезаријата се служеа аперитиви: ракија, узо, грапа или шампањ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ми се стори дека животот со далечни звуци е премал дури да се стисне и во дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така беше: под наморничавената кожа на грбот чувствував оган од кој под плешките остануваше пеплиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Злото не е алка, тоа е низа од алки, запрега на судбината; те зауздува и ќе те влече до оној ден, до мигот во кој под твоите клепки ќе свенат синоличките како во очите на коњот од недетското детство.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)