кој (зам.) - низ (предл.)

Бројот на уметниците кои низ историјата сѐ до денес, повремено или постојано земале вештачки поттикнувачки средства поради стимулирање на креативноста е голем, а нивните искуства се многу значајни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Седи Крстовица потпрена врз студениот камен и низ солзите се се мачи да продре во далечината во која низ замаглината на солзите се појавува нејзината куќа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Во колипката, Мајката го осознава последниот таен чин на бесконечната обнова на величествената прокоба на змискиот праотец, звездениот двигател, кој низ постојана жртва ги совладува демоните на минливоста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со ова сакаше да им ги затвори устите на сите оние, кои низ шепот ја озборуваа повлеченоста на нејзиниот син.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Членовите на форумот, избезумени, почнале да викаат, да цикаат, да скокаат, да бегаат, кој низ врата, кој низ прозорец. Се растурил форумот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Колкава била неговата болка, која низ дрочните води од подземните стерни на Деринкују не можеле да ја стишат и исцелат?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Забележав дека и оние неколцина со кои низ годините кога сум идел тука, во Маказар, сум имал најубави односи, некоја ако не голема блискост, а секако срдечност, не ме побаруваа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа сакаше и со ова да го столчи, пак и пак, а сето да остане забележано и врз малечката понизна џамија која низ народот и сеќавањето ќе го носи неговото име.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не можев да разберам на кого мисли - на паднатиот или на стариот чевлар, кој низ напукнатите очила потсмешливо гледаше што се одигрува под него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога ќе се искачат на врвот, од кој низ маглината на далечините се гледа опеаното езеро како вир сретсело, ќе клекнат на прагот од запустеното црквиче, набрзина ќе се прекрстат мрморејќи некој дел од молитва што не го заборавиле и ќе се стрчаат меѓу дрвјата да зафатат што подобро место за да ги распостелат своите веленца; поблизу до водичката каде што им се лади пивото и поблизу до гранката на која ќе ја обесат лулката за децата, а сетики што подолго во денот дрвото да држи сенка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
-Сеееееј! –се слушна звук, како низ сито, од устата на старецот кој низ стиснатите заби одвај го ослободи зборот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
ЉУБИ, ЉУБИ КОГА СИ ВО ЉУБЉАНА љуби, љуби кога си во љубљана трипати љуби еднаш број кога си на тромостовје љуби на куб, љуби трипати на куб љуби, љуби шестпати по шест љуби колку што можеш да испиеш кригли пресно лашко во гостилницата шестица на улицата која до вчера се викаше титова замижи машки и љуби, љуби кога се качуваш со лифтот на врвот на неботичникот во центарот на градот којшто мижи кога љуби и кога ќе отвори очи цел живот ќе игра мижитатара љуби, љуби кога си во љубљана запни како кога се дава вештачко дишење уста на уста и ич не бери гајле што те сметаат за заостанат во развојот љуби, љуби кога си во љубљана и кога бараш ново скришно место за љубов иако има многу корпи за отпадоци ти сепак фрлај ги зрнцата од љубење по улиците за да знаеш по кој пат да се вратиш љуби, љуби кога си во љубљана овде никому не му е особено важно каква боја мирис и вкус има љубењето а не е во план и изградба на музеј на модерното љубење во кој ќе гори заборавено а ѓоа вечно оганче што ќе го подгрева здивот на засипнатите славеи а штом ќе нема музеј ќе нема ни модерни гатачки пред портите на музејот кои низ дланка ќе ви буричкаат низ иднината на љубењето како надминато минато љуби, љуби кога си во љубљана и ако цапнеш во некоја дупка на млечниот пат по кој се пентраш до емона речи си пу-пу машала ќе си најдеш ново љубење а на врвот на ридот секако ќе ги најдеш прешерн и неговата јулија како сркаат врел планински чај и на љубопитните им шиткаат бројаници од бакнежи и од мигови колку мигови трижпати повеќе бакнежи сите да ти велат ти да не веруваш ама така се рекло и нека биде така како што се рекло дека лично прешерн излеан во бронза крај тромостовјето севезден им врти грб на старите и штрби баби тадури и и’ го плазел јазикот на тишината како оној разбушавениот ајнштајн кој си го изгорел јазикот баш во хирошима и нагасаки којзнае дали тоа го рекол баш ајнштајн ама љубел не љубел времето си врви љуби, љуби кога си во љубљана љуби без наситка остај си малку време да се сликаш пред магистратот со лидија димковска и алеш мустар кои рака под рака влегуваат во мирисот на секое цвете и растат, растат миризливо љуби, љуби кога си во љубљана и да папсаш утре пак ќе ти се љуби љуби, љуби кога си во љубљана и имај на ум дека никој не знае што носи утрешниот ден и дали баш ќе биде нов ден ново љубење љуби, љуби кога си во љубљана и не заборавај дека си на запад, во европа каде што денешната работа никогаш не се остава за утре.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Татко сакаше еднаш засекогаш да ја дознае целосната тајна за патот на јагулите што ја криеше Игор Лозински, а која низ попатни елементи ја навестуваше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)