кој (зам.) - улица (имн.)

Подзастанат во влезната врата, помислувам на тоа каде сѐ ќе одам в град, по кои улици ќе поминувам, во кои кафеани ќе навратам и, како на кое место помислувам, така приближно погодувам кого каде ќе го сретнам и што би можел од него да очекувам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А татко ти слушнал кога некој поднапиен Козак, чиновник, се фалел дека има голема љубов во Новодеревјановское.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си помислив: „По какви сѐ свиоци татко ти ќе ме поведе само за да ми нашепне што точно мисли за таа Пелагија што божем се изгубила на не знам која улица на Одеса“. Бидејќи, да се разбереме, Пелагија била убавица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Додека чекоревме по градот, Рајнер гледаше во парчето хартија кое покажуваше по кои улици треба да се движиме за да стигнеме до домот на неговата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Трите идеални елементи, трите симболи на политичката религија на модерната западна демократија.  Кога би можел, помислувам, би устроил град во кој улиците би се викале според вегетацијата и природните феномени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Се наближуваме,“ рече, кога навлеговме во делот од градот што ми беше познат од онаа прошетка со брат ми, кога тој сакаше да ми покаже како изгледа дното на Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)