кој (зам.) - селанец (имн.)

Околу Мученици се пораспарталија облаците и се прозаби небото за да може да се пробие некој и друг зрак од пролетното сонце. Му се израдуваа тие што останаа живи и излегоа крај ѕидиштата да ги затоплат измрзнатите коски и да ја поискашлаат кашлицата што ги нападна уште пред два три месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колата налетала на знак за кој селаните тврдеа дека никогаш не го виделе, огромен, сега целосно деформиран патоказ, на кој со бели букви имаше испишано само еден збор - МУЗЕЈ.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
А за тоа требаа дрва, кои селаните со своите гладни и мршави магариња не беа во состојба да ги донесат ни лебот да го испечат, та остави за греење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ете, види, ефенди29), - одговори Доне, - ориз носам, ориз! Бел кочански ориз.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во тоа време скришно се пренесуваше контрабанден тутун, кој селаните го викаа “качак“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)