кој (зам.) - можност (имн.)

Дека дури и она што преостана од правата на работниците што ги имаат согласно Законот за трговските друштва може дополнително да биде редуцирано, покажа измената и дополнувањето од 2007 година, со која можноста вработените да се стекнат со акции бесплатно или по повластена цена е укината до 1 јануари 2012 година (чл. 6, 29 и 31, ЗИДЗТД/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сега, сите акции кои ги издава претпријатието се обични, со тоа што ЗТПОК вклучи одредби во кои се предвиде можност за купување на акции под повластени услови, а која можност им се дава на работниците вработени во претпријатието, на лица кои претходно работеле во претпријатието и на пензионираните работници од тоа претпријатие (чл. 25).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)