кој (зам.) - звук (имн.)

Но голем дел од звуците што ги испуштаа птиците, таа не можеше да ги разликува, кој звук од која птица доаѓаше, а меѓу нив беше и прифатливиот милозвучен звук полн со страст што го слушаше сега.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не можејќи да го убедам во спротивното, не инсистирав повеќе.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Упорно си тврдеше дека било кој звук може да се репродуцира на неговата машина.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нѐ научија што да доживуваме, а што да не доживуваме, исто како што нѐ научија кои движења да ги изведуваме и кои звуци да ги испуштаме.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)