кој (зам.) - збор (имн.)

Знаем дека тој збор ми беше страно важен, ама ете никако да се сетам кој збор беше а знам...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се враќам Во себе Кра деш кум. птица На кој збор мислев Кога гледав Во облакот И Во тебе? ветерот Се привлекува.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Оддалеку ги пресретна „овчарот" и проговори: „Солун", на кој збор Петре му одговори: „Слобода".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе и Трајко влегоа по овчарот и овој им ги претстави на тие што беа внатре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бароуз измисли постлитерарен јазик, нов медиум во кој зборовите станаа облаци или слоеви или кластери на значење, немилосрдно расфрлани по читателот како експлозивна живописно обоена џунгла од неонски знаци од некој дел на Токио.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Верувам дека со епистемологијата на откажување од вистината мораме исто така да разработиме една онтологија во која зборот „стварност“ ќе биде заменет со зборот „конкретност“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Луѓе, браќа, пријатели! Со кои зборови, со кое грло да го кажам она што ми е на срцево. Ќе се распукнам од радост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Всушност вчеравечер бев буновен - реков - а по малку и поспан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа е сепак оној посложениот дел од проблемот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но како, и со кои зборови овие размисли ги имам пренесено на хартија?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Значи“, продолжи Филозофот, „Кој збор брат би му бил на зборот јаде?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И кажи ми: кои зборови љубов силна чувствуваат кон зборот пие?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Погледни колку многу убавина околу нас. Тоа значи – колку многу утеха.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кои зборови?“ „Дека убавината е утеха на овој свет.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш Рајнер за првпат ми проговори: “А мене моите родители ме сакаат,” рече, а имаше толку болка во неговиот глас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас понекогаш му кажував брзозборки, гатанки и бајки, а еднаш почнав да му зборувам за мојата мајка, за нејзините зборови на презир и потсмев за тоа како јадам, како се смеам, како чекорам; за тоа дека кога ни доаѓаа на гости нејзините пријателки со ќеркичките, таа пред нив ми велеше дека не умеам како нив да разговарам, да се смеам, да чекорам; му кажував со кои зборови го навредуваше секое мое воодушевување и секоја моја радост: воодушевувањето од вештината на неговиот татко, радоста што секоја недела претпладне го среќавав него, Рајнер, иако тој молчи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се разбира, станува збор за дела на даровити автори на кои зборовите им се поклонуваат и подредуваат по законитостите на книжевната убавина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зошто се враќам, си велам, кога нема со кој збор да размениш: ни по кого да викнеш, ни кој да ти се одѕвие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Коа чуја старците тие зборои од царот, му се поклонија и си отидоа дома, та седнаа да мислат кој збор каков је.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А за двата коња што ме праша, ме праша за нозете дали ме ризаат; јас му кажав оти и со стапче се потпирам и одвај можам да се носам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едни велеле да чекаат да порастит детето, а други - да избереет нов.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сега ми се чини дека не ја пишував јас туку некоја возрасна Alice на која зборовите ѝ се расеале, која не знаела која е: ту ѝ се чинело дека е поголема од куќа, ту дека би можела да се удави во баричка од солзи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повторно се соочував со вистината дека има во суштината на животот душевни состојби, чувства, пред кои зборовите остануваат немоќни брани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сопругата не му рече ништо за синоќнешниот синоќашниот кошмар, само го праша за кој збор ќе реферира денес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сѐ додека не го изговори, тој не знаеше кој збор ќе го каже.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со кои зборови да ѝ кажам дека безвреме сум се загледала во очите на едно момче со огнено име?!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со кои зборови да ја запрашам ?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Трајанеее - со кои зборови мајка да те тажи... Трајанеее... И би мигот - небото се распукало.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Што да речам? Со кои зборови да му ги кажам моите маки?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Чувствувам како ме зафаќа од длабини таа болка за која зборови немам.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Како и порано гледав како ме пристигнува на Слатинските ливади, а веднаш потоа ќе почувствував како ме поткренува од земјата откако ќе ми го фати вратот помеѓу палецот и дланката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само што потчув кои зборови ги употребува и што посакува со нив да нагласи, знаев дека е тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со кои зборови ќе го опишеш чувството без форма кое виси во овие ладни ходници пред кое отчукуваат милиони чекори на непознати гости кои дошле да ти се восхитуваат, а не те разбираат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не знам веќе што да приречам, кој збор да го одберам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На средината, голема, јасно направена беше буквата „А“, а од страните на буквата имаше направено крилја и вака ни објаснуваше: - Еве, оваа е буквата аз, а, а крилјата кажуваат од кој збор е таа за да знаеш која е и зошто ти е во читањето и пишувањето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како беше напишал тој пусти Добре писарот, кои зборови последно откорна од себе? - пак си спомни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)