кој (зам.) - желба (имн.)

Излезе пред него еден старец и, ни пет ни шест, му рече: - Малчо, кажи која желба сакаш да ти ја исполнам!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Наместо да речеме „Седнете, ве молам, имам нешто да ви кажам“, сега можеме да речеме „Мамо, тато, да ве запознаам, ова е Ленс“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ни овозможува начин на кој желбите ќе си ги претставиме во јавност без да прикажуваме премногу настраност и ја препакува геј-еротичноста во честит, достоинствен, општествено оверен облик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како геј-идентитетот, романтичната љубов – особено кога настапува како вистината на нашите најдлабоки чувства, како некој вид цврста емоционалнa подлога – овозможува алиби и покритие за срамните подробности на геј-сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите умеат да бидат особено подложни на митот за романсата, а оттука и особено да им треба ироничното гледиште за љубовта што им го дава машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-критичарите можат да пекаат по наводниот хетеросексизам на класичниот мјузикл, но овие претстави нудеа раскошен свет во кој желбата можеше да тргне во разни насоки и тие можеа истовремено да се читаат на навидум спротивни начини. (10, 47, 246, 282) Бродвејскиот мјузикл е „најнелогичната од сите уметнички форми“, според Клам (xii) – токму како што операта е најелектризирачката.127 Музичкиот театар е „најнастраната од сите уметнички форми, онаа во која родот е најјасно изведба што може да се експлодира или радикално да се измени, тој е формата во која на сѐ може да се гледа како на дрег.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)