кој (зам.) - чиј (зам.)

Не се знаеше кои чии се, толку цврсто и блиску еден до друг се припивме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сега сме како оној Шива, индискиот бог за кој ми раскажуваше – ѝ реков на мајка ми – оној со едно тело и со шест раце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Гледаа во ѕвездите и гласно погаѓаа која чија е, а кога ќе му се стореше на некое за некоја од ѕвездите дека е негова, ја прескокнуваше, зашто постоеше верување дека тој што ќе си а погоди ѕвездата, ќе умре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И возрасните, без оглед на напорите во изминатиот ден, и без оглед на утрешните напори, долго не заспиваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)