кој (зам.) - којзнае (зам.)

Во таквите вечери дури и старите скопјани сосем лесно залутуваат: одејќи накај железничката станица, тие се сепнуваат одеднаш пред влезот на паркот, налетуваат на ѕидовите од кејот крај Вардар, кој којзнае како се нашол на нивниот пат, лутаат, пипајќи ги ѕидовите на куќите, низ некои непознати, никогаш видени улици.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И како ќе бидат сфатени тие мои објаснувања од оние љубопитници, кои по правило малку им веруваат на туѓите зборови, а уште помалку можат да ја почувствуваат болката што ги измачува непознатите туѓинци кои којзнае од кои причини го сместиле својот живот толку далеку од нивните улици и прозорци а притоа и толку високо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А зар не е вистина тоа, јас и мајка ми за луѓето од градот зарем не бевме туѓинци?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А какви се пијавиците? - ја прашав. - Грди. Црни. Со устинки што се лепат за кожата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив дека сакаше да ми рече или поточно да ми појасни оти и таквите дребулии, какви што се пијавиците кои којзнае зошто решиле да не виреат во вакви води, како планинската, придонеле луѓето наеднаш да се почувствуваат среќни и да се однесуваат неконтролирано и палаво, како децата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И додека мажите пиеја ракија за среќното вселување која којзнае од каде ја изнесе тетка Перса, сандуците веќе беа покриени со шарени чергичиња и станаа природна целина со сите други нешта во одајчето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А под него, веќе во маглината, непрепознатливото лице на неговиот роден град, во кој којзнае дали ќе се вратеше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еднаш дури изјави пред мене дека токму нејзиното однесување, однесувањето на Рајна, го спасило бракот на онаа божемна Генералица која којзнае што сѐ си замислувала.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Јас бев радоста за неговите очи“, еднаш се пофали пред мене Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи сѐ завршува со љубовна сцена, која којзнае по кој пат веќе цела година и неколку месеци се повторува, исполнувајќи ме со горчина, со одвратност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)