кој (зам.) - шумоли (гл.)

Чудо: кадифени мечиња, во весела игра над мермерите, во близината на брегот крај кој шумоли морето и радосно кричат галеби...  Цви гледа низ прозорецот од нивниот салон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Патот до границата е стрмен: наместа оди низ тунели од густо борово зеленило, потоа низ чисти ледини презаситени со опојни мириси од секакви билки и цвеќиња, потоа патот слегува надолу во планинските усеци низ кои шумолат планински потоци, и пак се крева нагоре по голиот планински стр од каде што се открива прекрасен видик на сиот простор наоколу.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се присетува дека по пристигањето и скромното добредојде што му го приреди Советот некако изненаден, затечен и збунет од неговото враќање, наиде на атмосфера на општа поразеност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)