кој (зам.) - шета (гл.)

Кога ќе им речам на моите кои шетаат надвор, среде бел ден на сретсело да ти удрат едно дваесетина стапови по голи плеќи и гол гас, тогаш ќе научиш и цел живот ќе памтиш и на другите ќе им кажуваш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На крајот, покрај моето најискрено извинување, можам, како нескриен љубител на илустрирани магазини, да ви ветам дека ќе го купам следниот број на вашето списание. Со симпатии, ваш Александар П.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
ТАА не е политички весник и не ѝ требаат колумнисти, есеисти и други исти како него, кои шетаат од редакција во редакција.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дури се изненади и се зачуди кога ја забележа мирната силуета на стражарот кој шета со одмерени чекори пред зградата на Банк Отоман.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Затоа и некој чудак, кој шета во близина, или пладнува во својата мирна чувствена градина при случај на отворена врата наеднаш ќе се вознемири и притоа неосновано ќе го оцени нашето однесување како недопустливо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во случајов бев убеден дека натрапникот од предмалку никогаш се нема соочено со проблеми слични на моиве.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројатно мислејќи на бавчата со рози низ која шеташе мокар ветар и девојки во розови наметки.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сал гледам колку се убави девојките кои шетаат на кејот ВЕНЕЦИЈА ВЕНЕЦИЈА: ИСУС ВО ИСКИНАТ КОСТУМ Сетики Исус Христос си беше повторил во себе пред да киниса од Академијата во Фиренца: следбениците, како и соседите, не се избираат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ич петпари не давам за тоа што зборуваш.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Само треба да знаеш како да се вслушаш и да умееш да ги откриеш местата по кои шетаат).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)