кој (зам.) - црпи (гл.)

Кога нашите идеи и мисли ги гледаме низ призмата на физички облик, го пишуваме законот за непишани правила патот до материјализираната теорија, оставајќи ја рационализираната практика за филозофите, кои црпат од сопственото искуство, некогаш осакатено од забот на времето...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Исплука и понавредливи зборови, дека не е достојна ни баба да се нарекува кога дозволува едно седмогодишно дете да ѝ бега од пред очи и знае ли таа дека Острово не за џабе го викаат Острово оти навистина е остров како оној на кој Доне бил сургун, од едната стран Е гулемта река Вардар, а од другата Во гиризут уд кој црпиме вода за пиперките и думатте, вели чиниш плитка вода, ама ако ти го покрива лицето легната исто како да си паднала во најдлабока и Аш, пркнува животот уд теп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Татко јасно сакаше да покаже, оправдувајќи ги своите подлабоки мотиви во проектот, дека и тој би можел да се вброи во традицијата на балканските и посебно албанските интелектуалци, дека на Балканот постои и една друга голема култура на луѓе кои црпеле како од европската западна култура, така и од источната исламска култура која ќе ја донесат Османлиите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој се сети и на другите балкански идеалисти кои црпеле од бескрајот на париските цивилизациски, уметнички, стилски, културни и други цивилизациски вредности на хуманизмот, ренесансата, класицизмот, рационализмот, реализмот, импресионизмот, авангардата (со кубизмот, надреализмот...) и се враќале во малечката родна земја надоени со уште поголеми дози на идеализам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)