кој (зам.) - фрчи (гл.)

Насобраната толпа чекори по нив, некои од луѓето се наведнуваат, земаат камен, и фрлаат по оние по кои фрчат камшиците, и кои врескаат под ударите, се обидуваат да ги избегнат, прават чудни акробатски движења поттикнати од болката на камшикот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Конечно стигнуваат до излезот од тврдината која го оградува градот, портата се отвора, чуварите ги задаваат последните удари со камшици, и извикуваат: “А сега – на слобода!,” и ги пуштаат да излезат низ портата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)