кој (зам.) - пука (гл.)

Инфертилни емоции кои пукаат како меур од сапуница.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Човечката душа може лесно да потоне во длабока болка, но догорчето од неочекуваните спомени ќе му го осветлат патот во темнината на најмрачните тунели.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Двособниот стан се преобразува во терми, заситени од тешка пареа, и од таа надразнувачка атмосфера, изнуркува јадрото, испотено тело на госпа Елвира, со сочни, податливи дојки што ни најшироката дланка не може да ги опфати и со моќни колкови, под кои пукаат и најсолидните гаќички.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Масата од пченкарното брашно и вода во коотелот е самиот јазик, неговата содржина и моќ, а оние пуфкања при варењето на качамакот, оние мали вулканчиња, меури кои пукаат испарувајќи се, тоа се зборовите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во пожарот изгореле сите манастирски конаци и скапоцените работи: книги, одежди, реликвии, амбарите со жито, бурињата со вино, бинлаците со ракија кои пукале како бомби.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И во шпанските и во турските серии, сите Селми и жени со име Долорес, со изобличено тело и растегната уста и врат кој пука ја довикуваат мајката и Господ на помош, а го молат, па и го проколнуваат суштеството кое не сака да излезе, силно вгнездено во матката, на сигурно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Јасно е кој пукаше“, рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не знае кој пукал во него. Тој дојде кај мене пијан.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Јас повеќе би сакал, докторе, да објасните кој пукаше во вас.“ Не му одговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Што да кажам?“ не разбра. „Кој пукаше во тебе?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
— По кои пукаа? — Пукаа за душа на Сталин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најупорните или најгладните од дружината испекле нешто малку месо, изеле колку што можеле со последни сили опирајќи му се на сонот, она што останало го оставиле на двоколка за заспаните. Потоа со слатка ситост заспале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)