кој (зам.) - придонесе (гл.)

Татко не му го откриваше на Климент Камилски својот крунски аргумент за да се откажат од проектот дека турцизмите, односно османизмите во подалечните времиња, останале како единствените сведоштва за историскиот континуитет на различните народи кои живееле во османскиот дел на Балканот, заемните влијанија меѓу балканските јазици кои придонесоа во создавањето заеднички менталитет олицетворен во балканскиот јазичен сојуз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште еден дел од ефектот на цитатот произлегува од неговата намерна, свесна неусогласеност, од свеста за комичната несоодветност на цитирањето велика опера во контекст на некаков натпреварувачки спортски настан – особено со оглед на женствената родова кодираност на великата опера и мажествената кодираност на спортскиот настан, како и со оглед на великоучената кодираност на великата опера како елитна уметничка форма која налага само ладнокрвно, емотивно невнесено гледателство и непрефинетата кодираност на спортскиот настан како активност во која се учествува масовно и која ѝ е соодветна на масовната култура, а која налага да се препоти секој што тврди дека е вистински маж. ‌Најпосле, многубројните намерни иронии на овој несообразен цитат се во основата на едно чувство на внатрегрупова особеност, солидарност и единство на чувство кај членството на клубот – односно, чувство на колективен идентитет (нешто што е соодветно за локалните спортски друштва кои навиваат за одредени тимови).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Успешноста на ова машко геј-присвојување на операта, тогаш, не зависи само од нејзината кодираност за родот туку и – барем откако геј-субјектот ќе се постави во субјектна положба на стрејт-жена што посакува – од нејзината кодираност за геј-сексуалност. ‌Понатаму, треба да се нагласи мелодраматичната тематика на тајната, незаконита, забранета, предосудена љубов, која придонесува љубовта на Аида да стане возможна основа за хомосексуална идентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Алузијата на Аида им дава посебна еротска димензија на обичните практики и задоволства на обожавањето спортски херои, при што истовремено ги буквализира и сексуално ги алегоризира јуначките својства на спортскиот јунак.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, нашите катхези ѝ соодветствуваат на објективна структура на нивно барање, обликување и складирање која придонесува далеку повеќе кон значењето на некое дело од масовната култура отколку што придонесува истрошениот естетски дизајн, односно проѕирната идеолошка пропозиција, кој е сѐ што останува кога ќе се пренебрегнат. (68–69) Ова во прв ред е аргумент во прилог на значењето на масовната култура во „сентименталната историја на општествените групи“,123 а во втор ред е аргумент да се воведе во проучувањето на масовната култура еден вид критика која е поинаква од чисто идеолошката, критика што се сосредоточува на содржината на самата форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа е потсетник дека тука се работи за отворено геј-спортски клуб, во кој припадниците на тимот не се само ликови на локалната гордост туку и ликови кон кои постои имплицитен еротски восхит, па дури и експлицитно сексуално доживување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, интимната сфера не е „ослободена од економски функции“ (Маркс); приватното подрачје на патријархалното семејство е обележано со неплатен труд, сопственост на имот и доминација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Истото може да се каже и за сродната идеја на филозофот Јирген Хабермас за јавната сфера („сферата каде приватните лица се здружуваат во јавност“ 80).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Друго клучно прашање е улогата на медиумите во јавната сфера, што Хабермас ја посматра само во негативна смисла, како еден од факторите кои придонесуваат кон 105 Како одговор на таквите критики, Хабермас во 1992 година напиша дека сфаќа оти „од самиот почеток доминантната буржоаска јавност е во судир со плебејската“ и дека тој го „потценил“ значењето на опозициските и небуржоаски јавни сфери.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Појавувајќи се во 17 и 18 век, во европските кафеани и салони, а подоцна и во памфлети, списанија и весници, идеите, медиумите и институциите и практиките кои придонесуваат за „критичко себепромислување и размислување за државата“81, т.е јавната сфера, првично се појавува во исклучивата средина на машките/ буржоаски/бели простори.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)