кој (зам.) - претпоставува (гл.)

Методата на рекламното делување позната како “product placement” или “prod- uct tie-in” се состои во презентацијата на производот во еден филм или ТВ-серија, но така гледачите да немаат впечаток (да не знаат) дека станува збор за реклама, бидејќи појавувањето на производот е дел од самото дејствие на филмот!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пред сѐ, со тоа се прифаќа разликата меѓу филозофијата и литературата која претпоставува застарено сфаќање на тие два поими: дека литературата е дискурс без правила каде што моќта на фантазијата ѝ се жртвува на авантурата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Понекогаш е доволно само производот да се даде на користење, без некоја посебна парична надокнада Сѐ на сѐ, методата е проверена, силна и едноставна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најпрвин видов некои листови испишани на турски со арапски букви, за кои претпоставував дека се купопродажни договори, потоа потврди за заем со кирилски букви и еден куп листови, грубо подврзани, испишани исто така со кирилски букви, како и еден исечок од весник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Херменаутиката е општа пракса на лектира или одгатнување на религиозен, литературен или филозофски текст, и која претпоставува дека текстот овозможува читање во одредена смисла, и дека, доколку се обрне внимание кон длабочината на текстот, нужно се доаѓа до смислата, до содржината и значењето на текстот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Значи, приказната е сосема јасна: некој кој има желба неговиот производ да се види во филм за кој претпоставува дека ќе биде хит или дека ѝ се обраќа на иста целна група, го бара режисерот и го убедува во некој кадар главниот актер или актерка, на некој начин, да го употребат производот за кој станува збор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа не е доведување во прашање на одреден структурализам кој претпоставува затворени структурни системи, кои го предизвикувуаат сопственото делување, а да не се отвораат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)