кој (зам.) - прелета (гл.)

Но, треба да се почитува моментот, да се демне будно секоја можност која прелетува и доколку ја пропуштиме невнимателно, таа ќе ни одлета пред носот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Слично на модерниот “читател”, кој прелетува преку часописот за да види што има во него, но не застанува за да чита, учениот вавилонски свештеник критички прегледува серии пиктограми и ги толкува нивните сублиминални, контекстуални и културни okno.mk | Margina #1 [1994] 77 импликации.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нѐ погледна со еден чуден, длабок поглед, со кој прелета преку сѐ што ја опкружуваше, како да сакаше сѐ да впие во очите; мајка ми, нас, кујната, дрвениот плафон, печката, прозорецот, вратата низ која пред малку излезе татко ми, онаа истата преку која самата таа, заруменета од средбите со него, полна со радост, го внесуваше садот со пресното млеко што во топлите квечерини го носеше Јон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)