кој (зам.) - плени (гл.)

Со секое движење и поглед околу себе ширеше позитивност, скриена во некоја енергија која плени. Ја поседуваше најубавата бисерна насмевка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од тука окото се полни со волшебно живописна и раскошна глетка која пленува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)