кој (зам.) - пламнува (гл.)

Почувствува дека има искра, но не таква која пламнува, туку онаа која само тлее.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакам да речам дека и најневиниот пристап кон еден зафат во кој е вклучено милувањето, особено на таква девојка каква што е Пеперутката, ги поттикнува искрите од кои пламнува највистинскиот оган.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во канцеларијата на доктор Пачев, зад неговата работна маса е закачена последната слика на Загорка Пеперутката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)