кој (зам.) - пишува (гл.)

Носат знамиња, пароли на кои пишува: Не сакаме скапа технологија.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се создаде една необична ситуација: во философијата на умот опстојува интензивното залагање за иредуцибилноста на интенционалните поими, додека кај мнозина од оние кои пишуваат за Витгенштајн и понатаму постои готовност да се мисли дека она што честопати - на другите - им изгледа како квази-бихејвиорална редукција на интенционалните феномени, нема потреба да се подложи на внимателно критичко разгледување.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На второ место, човек не може а да не забележи дека во литературата за овие прашања постои изненадувачко прифаќање без двоумење на философската психологија за која Витгенштајн смета дека е особено релевантна за размислувањата околу следењето на правилата и нивната поврзаност со аргументот за приватниот јазик. 66 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На полните кадифени рачиња слатките мечиња имаат ленти на кои пишува ТОДТ, кратенката на големата трудова организација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наоколу разлетуваат глуварчиња.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Првите писмени податоци за Прага се забележани од трговецот Ибрахим - Ибн - Јакоб кој пишува дека „градот е од камења...“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Куферите им се везден надуени, а душите пак им се делат на четвртинки: три четвртинки за во родниот крај, една четвртинка за тука.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога ќе види, што ќе види: мајчиниот топол поглед заменет со мртовечки череп, како оние што ги има на секој трансформатор насекаде низ светот и под кои пишува: внимавај, опасно по живот!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Или обратно, не е толку важно.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Возењето е тол­ку кратко што таа има време на светлината од уличните ламби да го про­чита само воведниот пасус, во кој пишува дека полицијата на државата Де­ла­ вер во предградието на Вилмингтон го уапсила четириесетдевет­го­дишниот сопственик на продавница за водовод и греење под сомневање дека тој е озлогласениот серијален „Изолирбанд силувач” од реонот Њукасл и летова­лиштето Деламарва.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во случајот на Ворхол, иронично и смешно во исто време, авторот е и стилистички и буквално отсутен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Отука и неговиот коментар упатен до својот верен “ghostwriter” (писател кој пишува за други): “ Еј Боб, ова би можел да го ставиш во книгата.” (...) Делата како што Andy Warhol’s Exposures (1979), Popism: Worhol Sixties (1980), каде текстот е помалку афористичен а повеќе дескриптивен, ја истакнуваат важ­носта на Пет Хакет, Били Нејм и Боб Коласело како ко-автори и литературни асистенти на Ворхол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во прилог на својата соработка со Ворхол, во своето дело Светиот Терор Боб Коласело пренесува дел од своето искуство како еден од луѓето кои беа вклучени во литературната дејност на Фектори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како екстремно спротивно мислење ќе ја дадеме изјавата на Edward Fitzgerald кој пишувајќи за Персијската поезија 1851. година, вели: „Вистинско задоволство ми е да си земам толкава слобода кај Персијците, кои (барем јас така мислам) не се доволно Поети за да заплашат некого со толкав екскурс, и чии дела навистина бараат малку Уметност да се обликуваат“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа јасно го знае секој кој пишува со писмо, со букви и зборови што се служи, сочиненија што сочинува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш таа извади еден лист, на кој пишуваше „Пристапница“, и рече: „Пополни го ова“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ракатката од есеи од пионерските пост-комунистички жени кои пишуваат и делуваат во полза на жените, открива некои од најсовремените и централни проблеми за кои расправаат пост-комунистичките жени.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ќе си ја употреби капата како мрежа, црвената капа на која пишува Wyoming Cenenial 1990.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секундите ќе се оддолжат, минутите ќе продолжат во едно попладне, а никој не ќе води сметка за времето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Додека да ја повлечат пастрмката и да ја испијат текилата, ќе се стемни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој не оди далеку од љубопитноста на човекот за кој пишува Курт Вонегат во романот „Лулка за мачки“: Човекот во наведениот роман, го прашува Господ каква е смислата на неговото создавање од глина?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Оваа вечна зима во која пишува го потсетува на многу нешта од неговиот земен живот, си помисли.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Иако од прозорчето пред него не се гледаше многу, само парче сиво небо, по менувањето на аголот под кој пишуваше, тој знаеше дека раното утро станало скоро пладне.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Целокупното население на Киев се дели на среќници, кои пијат какао, службеници во “АРА” (I класа на луѓе), среќници, кои од Америка добиваат панталони и брашно (II класа) и проста маса, која со “АРА” нема никаква врска. okno.mk 189 Женидбата на раководителот на “АРА” (петта по ред) е настан, за кој зборуваат сите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Излитената зграда на бившиот хотел “Европска”, покрај која стојат киевските џин-рикши е голем храм, исполнет со сланина, кинин и конзерви, на кои пишува “Evaporated milk”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Погодувате, тоа беше улица во едно сиромашно квартче, со накриво протегнати рушевини, со тела на куќи на кои пишуваше „куљар“ или „лимар“ на излижана и продупчена ламарина која ветерот може секој миг да ја подбутне.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Најгоре стоеше писмото, а под него имаше една конзерва на која пишуваше „Нес Кафе“, три ќесички со бомбони, под нив спакувани две женски марами.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Имаше пари колку да се пренесат книгите во два-три сандаци до железничката станица и да се натоварат во вагонот кој пишуваше Gare de Lyon Skopje.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од полицата дофати едно шише со безбојна течност и со обична бела етикета на која пишуваше „ Џин Победа“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што сакаш да правиш? Да изнајмиш соба со шалтер над кој пишува Podunk Porno Movies?“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ги претставува „оркестралната“ - музика старомодните хиерархиски структури. е толку дигитална, толку Оркестралната музика претставува сѐ скроена, ритмична, и што не сакам од Ренесансата... зависна од улогите на Ако си композитор кој пишува таква музичарите. музика, можат да поминат неколку години пред да слушнеш како звучат твоите дела.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сестрата ја одведе до една врата, на која пишуваше „дежурен лекар“.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пленувањето на децата во Прилеп, како и зулумите во Чаништа и Лисиче ги огорчи сите слободољубиви Мариовци и во еден од летните дни на идната 1549 година се собраа во малото селце Сатока: земскиот кмет, кефалиите од сите села, поповите и други повидни луѓе и еднодушно го прифатија предлогот на поп Јакова: да се бранат од силниците, потпирајќи се на ферманот и бераатите од старите султани дадени на султанијата Мара, во кои пишуваше дека тој хаспосед Мариово нејзе и е отстапено и дека таа ги ослободила овие села од секакви давачки, та сега ова што го прави прилепскиот кадија е газење на тие стари закони и нивни права.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога ги симнаа од бесилката, аџиите најдоа на нивните глави една мала штичка на која пишуваше: Умираме за светата вера православна и златната слобода.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секогаш запиравме пред возот на кој пишуваше, со големи букви, Балкан-експрес.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Влатко разгледуваше понатаму: „Мислам - претеруваат со оваа - Зелена страница во која пишуваат високи стручњаци, доктори на науки.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Брат ми многу се занесува за него, а мене тоа воопшто не ми се допаѓа, оти истото име го прочитав на еден плакат што е залепен над неговиот кревет, на кој пишува „Дрогата ги уби“ и под насловот има многу сликички на пејачи и актери што умреле од премногу земање дрога.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)