кој (зам.) - открие (гл.)

Овој фестивал, кој открива нови таленти, со изборот на Џармановиот филм го инаугурира првото дело на латински јазик во историјата на играниот филм коешто, при тоа, не е финансирано од страна на Ватикан.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Следниот филм, Jubilee (1977), прикажан на програмот “Недела на критиката” на Канскиот фестивал, е резултат на сликање со камера, вообичаена филмска постапка на Џарман.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со првиот игран филм Себастијан (Sebastiane), Џарман учествува на Филмскиот фестивал во Локарно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некаков интелектуален жар, радост на педант кој открил некаков бескорисен факт, блесна низ нечистотијата на неговата остра брада.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кирков со иста страст ќе го насочи своето интересирање кон секој мотив со кој открива актуелност и значење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со секое станување и миење се загледува во огледалото внимателно и испитувачки како сликар кој си го црта својот лик и кој открива и внесува сè нови и нови детали за да си го нацрта што поточно, што поверно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сјај на невиност кој откри дека такви жени попуштаат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Поради вас но подобро речено можеби благодарение на вас, веднаш започнав да го читам написот во кој открив: Тој преведува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Она што ни е потребно не е компјутер кој би заштедил работа, туку компјутер кој ја зголемува работата што треба да ја извршиме, исто така и досетки, како и Џојс кој открива мостови таму каде мислевме дека воопшто ги нема, и кои нѐ претвораат не во приемници, туку во уметници.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
До овие идеи низ своето умет­нич­ко дело не доближил Исмаил Кадаре и затоа се во право книжевните критичари, кои откриваат јасни врски помеѓу овие двајца творци...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)