кој (зам.) - негодува (гл.)

Потоа се слушна грозничаво смеење, нему му се придружи сув плач, по подот од собата над нас затупотија стапала тешки како копита, од едната соба до нас се слушнаа удари во ѕидот, од другата соба до нас – мумлање, од некаде доаѓаа нејасни зборови кои бараа помош, зборови кои заблагодаруваа и зборови кои негодуваа, зборови со молба за пуштање на слобода, од некаде доаѓаа човечки гласови што звучеа како клокот на вода, како животински рев, како птичји крик, гласови што звучеа како ветер низ гранки и гласови што звучеа како удар на камен од камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одеднаш сѐ повторно стивна, како нешто да ги задави сите отворени грла. Тишина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно такво недостоинствено, начисто омаловажувачко разоткривање на патетичната ранливост на ликот би било крајно незамисливо во Милдред Пирс; би било исто толку неусогласено со отмениот стил на филмот колку што се и оние далечни и отуѓувачки кадрирања.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без да биде баш порнографско, тоа ги комбинира двете карактеристики на порнографијата против кои негодуваат феминистите на културата – всушност, тоа можеби го прави тоа подобро од некои дела на самата порнографија – а тоа се похотноста и понижувачкото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ѕиркањето на долната облека на Тина е истовремено жално, смешно, оградувачко и надразително.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)