кој (зам.) - настрада (гл.)

По одмаздата од која настрада синот на инспекторот, по тој настан од кој крвта ми стана волча а лицето темно, сината маштеа ѝ забрани на Ана да разговара со мене и да ми носи книги но не бев сигурен дека на Ана не ѝ е тешко нашето оттуѓување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А тие беа Бојсовите добри родители, кои му ја обезбедија нужната нега и грижа која ја поправи разорната емоционална штета што ја направија неговите лоши родители, а подоцна и вистинските, физички повреди од кои настрада поради своето лошо владеење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Братучедот ја запре колата и ми рече: Ова се ознаките на вратата на пеколот! Тука беше ѕидот- граница!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој без секое сомневање ги идеализирал и доста подготвено ги интернализирал, од очајничка потреба, но во емоционален поглед тие навистина биле фамилија, племе, стадо во кое бил повикан да се приклучи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Возејќи еден стар мерцедес, постариот син на татковиот брат, кој настрада во сталинистичките чистки, запре на местото каде што беше некогашната капија на воената балканска граница, вистинскиот балкански ѕид, што го мина мајка ми по враќањето од Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа му помага да функционира, и покрај неизбришливото чувство дека е скршен од животот во време кога штотуку почнал да живее.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)