кој (зам.) - настапува (гл.)

Според светски познатиот хрватски писател Мирослав Крлежа, пријател на Матвеј Предраговиќ, Јосип Рацич станува жртва на својот идеализам да се надоврзе на импресионизмот, кога тој неповратно исчезнувал и кубизмот кој настапувал!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вчудовидените жители забелжуваат илјади кози со нивните козари – нови регрути на работничката класа , кои настапуваат со главниот слоган: „Ние нема да направиме ниту чекор во социјализмот без нашите кози!“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но тоа беа само ретки мигови кои настапуваа кога Луција беше задоволна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За нејзиното истражување нема ни збор во романот, но заклучоците се наметнуваат посредно, преку следењето на однесувањето на самите селани, на заедницата која настапува како маса, а не како низа поединци, така што Бунар може да се толкува и како прилог кон истражувањето на Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)