кој (зам.) - истече (гл.)

„Да се носи со месеци нов живот под срцето, а потоа да се донесе тој нов живот на овој свет, да се гледа како тој живот доаѓа, ужаснат, ужаснат од излегувањето од утробата и судирот со она што не може да му биде ни непознато, бидејќи за непознато уште не знае, а познатото само го чувствува, да гледам и чувствувам колку сум му потребна на тој нов живот, колку му е потребна храната која истекува од моите гради, да набљудувам како искуството се таложи во неговите очи, и да ги видам првата надеж и првото разочарување на тој нов живот, да гледам како тој живот се осамостојува, како веќе не сум му неопходна, да видам како тој живот кој произлегол од мојот живот ме напушта и самиот тргнува кон создавање на нов живот, ете тоа за мене е родителството.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно дете се одвои од останатите, дојде до самата ограда, се наведна, скина глуварче и ѝ го подаде на Сара низ решетките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лименките влекачи имаат симболично значење и со време ќе тежат како олуци низ кои истекува суштината (но за тоа, потоа).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)